ЛЕ: Бод за Звезда со Селтик, Динамо го сруши Фенербахче, Рома победи во Франција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Денеска се одиграа првите натпревари од новата сезона во Лига Европа во кои не виддовме некои поголеми изненадувања.

Црвена Звезда на свој терен ремизираше со Селтик 1-1 во еден натпревар кој не донесе преногу шанси и се играше најчесто на средината од теренот. Во првото полуврееме не видовме погодоци.

Селтик прв дојде до водство со голот на екс-фудбалерот на Манчестер сити Ихеначо во 56. минута. Звезда сепак не се откажа и десет минути подоцна по еден корнер Арнаутовиќ погоди за реми.

Рома од гостуваањето во Франција кај Ница се враќа со победа аод 1-2. Римскиот клуб победата ја обезбеди со два гола на Ендик и Мансини во 52. и 55. минута. Мофи од пенал го постигна утешниот гол за домаќините во 77. минута.

Динамо Загреб одлично ја започна новата сезона и на свој терен го совлада Фенербахче со 3-1. Бејло го доведе хрватскиот гигант во водство во 21. минута, додека Сумански израмни само четири минути подоцна.

На стартот од вториот дел Бејло постигна и втор гол, a во самиот финиш за 3-1 се погрижи Баркар.

На останатите натпревари, Бетис и Нотингем одиграа 2-2, Брага минимално славеше над Фејенорд со 1-0, Фрајбург го совлада Базел со 2-1, доека Лудогорец во Шведска се радуваше на триумф над Малмо со 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×