Фудбалерите на Шкупи добро ја отворија пролетта и сега против Пелистер во 21. коло на ПМФЛ ќе се обидат да ја продолжат добрата серија.
Дуелот со битолчани го најави Андреј Лазаров, фудбалер кој пролетва се очекува да биде еден од носителите на играта, откако во првата сезона имаше проблеми.
„Секако дека оваа серија од четири последователни победи е добра за тимот. Шкупи оваа полусезона игра на повисоко ниво. Атмосферата во тимот е одлична и се надевам дека така ќе остане. Мислам дека клучот за успехот се добрите подготовки направени во Анталија. Добро се подготвуваме за овој натпревар како и за секој друг. Се надевам на позитивен резултат. Моите амбиции, а исто така и на Шкупи се да се пласираме што е можно повисоко на табелата во пролетната полусезона“, изјави Лазаров.
Шкупи поради лошата прва полусезона котира на шестата позиција од табелата во ПМФЛ. Сепак, зад себе има низа од четири победи и цели на петта против пелистерци.