Лазаро потпиша, Сенси пристигна на прегледи но Интер го губи Барела: Начелно се договоривме па не им слушнав глас 20 дена

by
1 минути читање

Интер денеска го потврди трансферот на Лазаро, австрискиот фудбал кој и даде гол на Македонија во Скопје.

Според италијанските медиуми нероазурите ќе платат 21-22 милиони евра на Херта плус бонуси за 23 годишниот фудбалер кој ќе заработува по 1,5 милиони евра годишно нето примања.

Утре на медицински тестови во Интер оди играчот на Сасуоло, Стефано Сенси, по што треба да биде комплетиран и неговиот трансфер кој изнесува 25 милиони евра.

Но, Интер најверојатно ќе ја загуби битката за Николо Барела со кој долго време се поврзуваше. Каљари се договори со Рома. Претседателот на „сардинијците“, Томазо Џулини за „Тутомеркатовеб“ откри што се случило.

„На 11. јуни постигнавме договор со Интер за фиксниот дел од трансферот, што мислам дека е најважна работа. Требаше да се дефинираат само бонусите“, вели Томазо Џулини.

„Но потоа три недели не слушнавме ништо од Интер, и не знаевме дали се уште се заинтересирани“.

„Во меѓувреме постигнавме договор со Рома која ни достави уште подобра понуда. Верувам дека во оваа фаза, фер е на Николо му се дадат неколку дена да донесе одлука“.

Николо Барела е фан на Интер и „нероаѕурите“ играат на оваа карта, се надеваат дека перспективниот Италијанец ќе ги одбие сите други предлози за да се пресели на Џузпе Меаца, но како стојат работите во моментов, тој е на чекор до Олимико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани