Денеска на програмата од новото 24. коло од домашниот шампионат, екипата на Македонија ЃП на свој терен на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека шампионот, Шкендија. Екипа која што во домашниот шампионат не знае за пораз од оној зачудувачки неуспех против Арсими од 3-0 во ноември минатата година. Шампионот има амбиции и во првенството и во купот на на ривалите како Македонија ЃП е да направат се што е во нивна моќ за тој план да го расипат.
„Нормално дека Шкендија ја почитуваме и сме свесни дека овој тим е шампион. Сепак, Македонија ЃП како тим сезонава на неколку пати покажа дека може да се носи со секого па и гостувањето на Шкендија во Ѓорче Петров не претставува ништо повеќе од првенствен меч. Нам бодовите ни се неопходни тоа е и повеќе од јасно, и ќе се обидеме да стигнеме до нив. Мотивирани сме, знаеме што значи позитивен резултат против Шкендија, и ќе направиме се за да стигнеме до него“, велат од таборот на Македонија ЃП.
Македонија ЃП има два порази по ред од дуелите против Башкими и Струга ТЛ. „Лавовите“ во моментов се на деветтата позиција на табелата со 23 бода само поен повеќе од Пелистер и Работнички.
Од таборот на Шкендија пак Мевљан Мурати нагласи дека клупските цели се борба за двата трофеи во мак-фудбалот.
„Влегуваме во натпреварот во позитивна атмосфера, откако се пласиравме во полуфиналето на Купот. И Шкендија е единствениот тим кој е во трка за двата домашни трофеи, во Купот и во првенството, и се надевам дека ќе ги освоиме на крајот. Секој натпревар има своја вредност. Фокусирани сме од меч во меч. Досега постигнавме многу цели, и сега ќе ни биде нешто полесно, затоа што не очекува полесен распоред, а доаѓа и репрезентативната пауза и верувам дека ќе имаме време да се подготвиме и до крајот да ги исполниме целите“, смета дефанзивецот.
Натпреварот во Ѓорче Петров се игра во терминот од 14:30 часот.