Лавеци има годишна плата од 27.6€ милиони, а за една година не постигна ниту еден гол

by
1 минути читање

Пред точно една
година, Аргентинецот не можеше да ги одбие милионите од Кина и потпиша со Хебеи.

Во прв момент се
говореше дека тој на Далечниот Исток ќе заработува нешто над 13 милиони евра по
сезона, но Фудбал Ликс обелодени дека играчот има многу поголема плата и заработува повеќе од двете најголеми фудбалски ѕвезди во овој момент, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Од документите
кои беа објавени се гледаше дека Езекиел Лавеци има договор вреден 53,2 милиони
евра за 23 месеци, односно 2,3 милиони евра за секој месец поминат во Кина.

И додека играчот
добро се офајди од оваа авантура, неговиот клуб Хебеи не виде аир.

За изминативе 12 месеци,
Езекиел Лавеци заработи 27,6 милиони евра а одигра само десет натпревари без
притоа да постигне гол.

Аргентинецот може
да се пофали само со три асистенции што е прилично скромно за платата која ја
добива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани