Лаутаро херој, Самарџиќ трагичар – Интер и деветти пат по ред ја победи Аталанта! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Интер славеа минимална победа од 1-0 на гости кај Аталанта и на тој начин се вратија на врвот на табелата каде што кратко беше Милан по триуфмот над Верона.

Интер беше подобар противник и заслужено ги однесе трите бода, меѓутоа и Аталанта има за што да жали.

Турам ја затресе мрежата во 35. минута, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Одлучувачкиот момент се случи во 65. минута кога Лаутаро Мартинез стрелаше по асистенција од Еспозито.

Аталанта иако беше во подредена улога можеше да ддојде до гол во 87. минута кога Лазар Самарџиќ се најде во идеална прилика, меѓутоа лошо реагираше и не ја зафати најдобро топката, па немаше проблеми за чуварот на мрежата на „нераѕурите“.

Големо промашување пред голот на Лаутаро видовме и од Барела. Со овој триумф Интер стигна и до девветтата победа во низа против Аталанта.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×