337
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез ја напушти репрезентацијата на Аргентина по тестовите кои покажаа дека неговата мускулна повреда е далеку посериозна отколку што се мислеше.
Тоа значи дека Лаутаро ќе ги пропушти натпреварите на Аргентина против Уругвај и Бразил.
Ова е удар за Аргентинците бидејќи поради повреда нема да настапи и Лионел Меси.
Италијанските медиуми пишуваат дека е неизвесен и настапот на Лаутаро за двомечот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
За ситуацијата на Интер да биде уште полоша, тука е фактот дека и Маркус Турам го напушти кампот на Франција поради повреда.