Лаутаро донесе победа за Аргентина против Перу, Бразил убедлив во дербито со Уругвај (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Единствениот гол за Аргентина во победата над Перу беше дело на Лаутаро Мартинез во 43. минута од мечот.

Аргентинците се сигурни на втората позиција на табелата и лесно стигнуваат до место на Светското првенство во Катар.

Прв во групата е Бразил кој со 4-1 беше подобар од Уругвај.

Два од погодоците беа дело на Рафиња, еден на Габриел Барбоса, а резултатот го отвори Нејмар.

Чиле со 3-0 беше подобар од Венецуела, Боливија изненадувачки убедливо со 4-0 го совлада Парагвај, немаше голови на мечот меѓу Колумбија и Еквадор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани