155
Ремито на Барселона кај Лас Палмас му дава поголема тежина на дербито против Атлетико Мадрид бидејќи ако Каталонците го загубат тој меч ќе имаат само два бода предност на врвот.
Барселона одлично го почна мечот, по две неискористени шанси, Меси во 21. минута со прекрасен гол од слободен удар донесе водство од 1-0.
Но на почетокот од вториот дел Барса го загуби водството, Вермален направи прекршок за пенал, а Џонатан Каљери беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 1-1.
До крајот на мечот Барселона јалово се обидуваше да дојде до ново водство и победа, натпреварот заврши нерешено.