Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека донел исправна одлука кога решил да се раздели со Лео Меси, успеал да ги стабилизира финансиите на клубот и да изгради конкурентен тим.
Лео Меси на големо изненадување го напушти Камп Ноу летото во 2021 година, иако се чинеше дека се исполнети сите услови за тој да стави потпис на нов договор, Жоан Лапорта го повлече предлогот во последен миг.
Претседателот на Барселона често добива критики за начинот на кој дозволил најголемото име во клубот да замине, но тој смета дека ова било исправен потег.
„Морав да донесам одлука и мислам дека донесов исправна одлука – резултатите зборуваат сами за себе“ – вели Лапорта во разговор со Ел Паис.
„Успеавме да ги стабилизираме финансиите на клубот, изградивме конкурентен тим и беше време за генерациска промена“.
„Лео беше при крајот на кариерата а ние требаше да изградиме нов ти. Дали би сакал тимот да го градевме со помош на Лео? Секако, се обидовме, но едноставно беше невозможно“.