Жоан Лапорта во средина од својата кампања за нов претседател на Барселона, упати жесток напад кон Реал Мадрид обвинувајќи ги дека го контролираат судењето во Шпанија повеќе од седум децении.
Лапорта за да се одбрани од скандалот „Негреиро“ за кој судењето е во тек, тој го нападна Реал Мадрид.
Шпанските државни обвинители ја обвинуваат Барселона за спортска корупција поради исплати помеѓу 7 и 8 милиони евра во текот на 17 години на компании поврзани со Хозе Марија Енрике Негреиро, поранешниот потпретседател на Комитетот за технички судии (CTA) на Шпанската фудбалска федерација.
Лапорта, кој се кандидира против Виктор Фонт за реизбор, жестоко го брани каталонскиот клуб. Тој инсистира дека парите биле наменети исклучиво за легитимен технички совет и дека интензивниот правен притисок е дел од координиран план од Мадрид за поткопување на клубот.
„Не мислите ли дека е срамно што 72 години судискиот комитет го водат членови на Реал Мадрид? Секој од нив. Не е ли срамно? Стануваше збор за судиски совети, а не за спортска корупција. Но, никогаш не ги прашувате за тоа; престанете да си играте со мене. Она што го направи Барса беше легално“, вели Лапорта.
„Се соочуваме со кампања за клевета оркестрирана од Мадрид поради случајот Негреиро. Она што го направи Барса беше легално и беше направено многу добро. Во тоа време, плаќавме на компанија, на која веќе наидовме, која изготвуваше извештаи за судиите за да ја анализира работата на судиите. Сигурен сум дека и Реал Мадрид го стори истото. Сега Реал Мадрид ја има Меги Давила, човек од Судискиот комитет“.