Лапорта откри: Одбивме астрономска понуда за Јамал, мислеа дека сме луди

by Стефан
1 минути читање

Жоан Лапорта кој неодамна поднесе оставка и сега повторно е кандидат прв човек на каталонскиот гигант откри дека клубот одбил астрономска понуда за Ламин Јамал.

Како што посочи Лапорта, ПСЖ пред две години испратил официјална понуда тешка дури 250 милиони евра за тогаш 17-годишниот талент.

„ПСЖ понуди 250 милиони евра за Ламин и ние тоа го одбивме. Имаше само 17 години… Се сеќавам дека некои мислеа дека сме луди“, изјави Лапорта, откривајќи дел од позадината на големата одлука.

Сепак, во Барселона немало дилема. Младиот ас бил и останал недопирлив.

„За нас тој отсекогаш бил недопирлив“, порача Лапорта, ставајќи јасно до знаење дека Јамал никогаш не бил на продажба.

И сезонава младиот офанзивец игра одлично во дресот на Барселона и на 33 натпревари во сите конкуренции запиша 15 погодоци и 14 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×