Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта упати нови отровни стрели до лутиот ривал Реал Мадрид и порача дека „кралевите“ вчера победиле на гостувањето кај Селта Виго со помош на судиите.
Алваро Арбелоа имаше доста проблеми со повредите и едвај склопи тим за синоќешното гостување кај Селта, па Реал Мадрид долго се мачеше во Виго и се чинеше дека ќе бидат испуштени нови два бода во трката за титулата.
Но во последните секунди од мечот, Валверде со голема доза на среќа ја затресе мрежата со удар од врвот на шеснаесетникот, топката погоди еден домашен играч, го промени правецот и го измами голманот.
Но победата не помина без контроверзии, многумина сметаат дека голот требал да биде поништен поради прекршок врз Фер Лопез, повторените снимки јасно покажуваат дека имаше контакт по стартот на Мануел Анхел, но судијата не се огласи, ниту пак беше коригиран од ВАР.
Ова беше причина за Жоан Лапорта да упати нови отровни стрели на адреса на лутиот ривал.
„Реал Мадрид победи на добро познат начин. Стигнаа до три бода по една грешка на судиите. Да бевме ние, сигурно голот ќе беше поништен со ВАР“ – вели претседателот на Барса и ги продолжи обвинувањата за тоа кој добива услуги од судиите.
Дали Жоан Лапорта е во право, погледнете го видеото и проценете сами.
Falta clarisima a Fer López, ayuda al Madrid para que no pierda puntos. Sigan!!!!! #Laliga pic.twitter.com/pr6PkZwAQV
— 𝖌𝖊𝖗𝖆𝖗𝖉 (@Gerard11jr) March 6, 2026
ФОТО: X/Real Madrid C.F.