Лапорта повлече прв важен потег по новиот избор на чело на Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона ќе продолжи со Ханси Флик и во наредните години, откако германскиот стратег постигна договор за нова соработка која ќе трае до јуни 2028 година.

Веста ја потврди Фабрицио Романо, а одлуката доаѓа веднаш по новиот мандат на Жоан Лапорта на чело на каталонскиот клуб. Претседателот на Барселона не го криеше задоволството од договорот со тренерот кој внесе стабилност и резултати во тимот.

Наскоро ќе го потврдиме продолжувањето на соработката со Ханси. Тој се согласи и е многу среќен тука“, изјави Лапорта.

Флик ја презеде Барселона пред стартот на сезоната 2024/2025 и веднаш остави силен печат. Во својата дебитантска сезона ја освои титулата во Ла Лига и трофејот во Купот на Шпанија, додека во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×