Eрлинг Халанд како што стојат работите ќе остане само голема желба на Лапорта, но според последните најави каталонскиот гигант би можел да доведе друг Скандинавец – Александар Исак.
Новинарот Хосе Алварез објави ексклузива во која вели дека Швеѓанецот е избран како прв пик за Барселона за летото 2025 година.
Иако, Роберт Левандовски игра како во најдобрите денови и постигна 31 гол во сите натпреварувања, јасно дека на 37 години нема да може да игра над 50 натпревари во ист ритам.
Во Барселона се свесни дека на Левандовски му е потребен помлад наследник, а Хозе Алварез тврди дека во Барселона сите се согласни дека Исак би бил идеално решение.
Посебно се потсетува дека Исак играше одлично во Ла Лига додека беше дел од Реал Сосиедад пред летото 2022 година за 60 милиони евра да се пресели во Њукалс. Во дресот на премиерлигашот на 95 натпревари постигна 54 гола и подели 95 натпревари.
Според најавите сумата за која Исак може да замине е 150 милиони евра.
El Chiringuito claim that the primary objective for #Barca this summer is Alexander Isak. #NUFC pic.twitter.com/MdpqNIJere
— Football España (@footballespana_) February 11, 2025