Лапорта: Ова е скандал, на Реал веднаш му свират пенал за ваков старт! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта жестоко удри по судиите и Ла Лига откако не беше досуден пенал за „каталонците“ на натпреварот против Хетафе.

Барселона заостанува седум бода зад лидерот Реал Мадрид откако изминатиов викенд испушти два бода на гостувањето кај Хетафе.

„Каталонците“ се бесни откако во финишот од мечот не им беше досуден пенал за еден старт на Уче врз Кунде, а претседателот Жоан Лапорта утрово жестоко удри по судиите.

„Судењето на натпреварот со Хетафе беше срамно“ – вели Жоан Лапорта.

„Скандал е тоа што не беше досуден пенал за стартот врз Кунде. Огромен Скандал. Треба повеќе пати да го пуштите видеото и да го прегледате“.

Вчера се правеа многу споредби со еден сличен пенал досуден во корист на Реал Мадрид за старт врз Антонио Рудигер.

Кога на Жоан Лапорта му беше посочено ова, тој рече: „Токму така. Сличен пенал беше досуден во полза на Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани