Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Роберт Левандовски се понудил да му биде намалена платата со цел клубот да може да регистрира нови засилувања.
Барселона и понатаму има големи финансиски проблеми, па единствено засилување ова лето беше Дани Олмо, кој мораше да чека за своето деби бидејќи немаше услови за регистрација на неговиот договор во Ла Лига.
Жоан Лапорта сега откри дека Роберт Левандовски се понудил да му биде намалена платата, но самиот тој не го прифатил овој голем гест.
„Гледам дека Роберт е мотивиран како никогаш претходно. Тој е во одлична форма и многу е возбуден“ – вели претседателот на Барселона.
„Максимално е посветен на клубот. Кога слушна дека имаме проблем со регистрација на фудбалери, се понуди да му се намали платата“.
„Навистина го ценев овој гест, но му кажав дека нема потреба да го прави тоа“.
„Извадивме одлични перформанси од него во првите четири натпревари, сигурен сум дека ова ќе биде најдобрата година на Левандовски“.