Барселона мака мачи да се врати во нормала по пандемијата со ковид-19, финансиите остануваат главен проблем, но очигледно и лидерите на клубот влечат погрешни потези.
Пандемијата со ковид-19 направи голема дупка во финансиите на Барселона, па „каталонците“ мака мачат со ангажман на нови фудбалери и уште поважно, нивна регистрација.
Но очигледно и лидерите на клубот влечат погрешни потези, сите засилувања од минатата сезона, веќе не се дел од плановите, и веќе заминаа или ќе заминат до крајот на месецот.
Жоао Феликс и Жоао Кансело не беа задржани, првиот направи трансфер во Челси, а вториот е пред преселба во Саудиска Арабија.
Ориол Ромеу доби дозвола да се врати во Жироно, а истото сценарио се случи со Илкај Гундоган, кој беспари ќе се врати во Манчестер Сити.
Витор Роке, за кого беа одвоени околу 40 милиони евра во јануари, е пред преселба во Бетис.
Останат е само Ињиго Мартинез, и тој е единствнеиот кој има реални шанси да продолжи во Барселона, и покрај тоа што имаше одврзани раце да го раскине договорот ова лето и да ја промени средината.