Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека заминувањето на Дро Фернандез во ПСЖ е големо предавство зад кое стои агентот (Иван де ла Пења) на младото момче.
Дро Фернандез важеше за еден од најперспективните фудбалери во школата на Барселона, но младото момче ги шокираше сите на Камп Ноу кога на средината од јануари реши да ја промени средината.
Неговата откупна клаузула беше околу 6 милиони евра, ПСЖ на крајот плати околу 8 милиони евра, но и оваа сума е прилично смешна ако се земе во предвид какви трансфери се плаќаат во денешно време.
Очигледно ова се уште е болна тема во Барселона, па Жоан Лапорта денеска распали по Дро Фернандез и неговиот агент Иван де ла Пења.
„Заминувањето на Дро беше предавство од неговиот агент Иван де ла Пења. Тоа беше срам и нож во грб“ – вели Жоан Лапорта.
„Со Жорж Мендеш успеавме да го задржиме Ламин Јамал, но за жал не беше така со Де ла Пења, поради него Дро замина во ПСЖ“.
„Ако Жорж Мендеш беше агент на Дро, тоа немаше да се случи. Тоа е срам и предавство“.
„Ми беше жал за Ханси Флик, тој беше вознемирен бидејќи му даде шанса на Дро во првиот тим на штета на играчи кои можеби повеќе ја заслужуваа“.