166
Иако се шпекулира дека не се во најдобри односи, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека сака Меси да биде присутен на отворањето на Камп Ноу.
Барселона уште не почнала да игра реновираниот стадион, но денеска тимот одржа треннг на Камп Ноу кој беше отворен за публика.
Уште не се знае кога точно ќе може Барса да почне да игра, но Лапорта сака да организираат меч посветен на Меси и Аргентинецот да пристигне.
„Тоа би бил прекрасен начин да се отвори Камп Ноу, со меч посветен на Лео Меси и полн стадион. Би бил пресреќен да одиграме меч посветен на Лео“, рече Лапорта.