Лапорта ги изненади навивачите со изјавата за Меси: Кројф е Бог на Барселона

by Стефан
1 минути читање
Лапорта

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за емисијата „3Cat“ зборуваше на повеќе теми поврзани со каталонскиот клуб, но најмногу внимание предизвика неговата изјава за Лионел Меси.

Иако за многумина Меси е најголемиот кој го носел дресот на Барселона, Лапорта не мисли така.

„Јохан Кројф е Бог на Барселона. Со Меси имавме многу добар однос, но кога не му го продолживме тој се наруши. Сега до некаде е подобро, се надеваме дека во иднина ќе можеме да му организираме некој проштален натпревар, каков што заслужува“, изјави Лапорта.

Меси го напушти клубот во 2021 година, кога Барселона се соочуваше со сериозна финансиска криза и не успеа да му понуди нов договор. Аргентинецот потоа премина во ПСЖ, а денес настапува за Интер Мајами во МЛС лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×