Медиумите од Шпанија откриваат како реагирал Жоан Лапорта кога дознал за одлуката на судот да издаде привремена мерка со која Дани Олмо и Пау Виктор можат да бидат регистрирани.
Барселона вчера издвојува важна битка против Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија откако Вишиот совет за спорт (CSD) одлучија да издадат итна мерка и „каталонците“ на привремена основа да ги регистрираат Дани Олмо и Пау Виктор.
Одлуката беше донесена непосредно пред натпреварот помеѓу Барселона и Атлетик Билбао во полуфиналето во Суперкупот на Шпанија и медиумите го уловија моментот кога Жоан Лапорта ги доби добрите вести.
Претседателот на Барселона беше прилично еуфоричен, но и малку претерал со коментарите.
Наводно тој извикувал „курвини синови“, „кукавици“, „плашливци“, „бесрамници“ и овие зборови биле наменети за официјалните лица на Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија кои пристигнале во Саудиска Арабија за Суперкупот.
CELEBRACIÓN HISTÓRICA de LAPORTA
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 8, 2025
‼️ GRITO y CORTE DE MANGAS tras la inscripción de Dani Olmo.
IMAGEN @elchiringuitotv. pic.twitter.com/4NXutiXvFO