На последната прес-конференција, Бразилецот Рафиња зборуваше за ситуацијата во Барселона со регистрацијата на Дани Олмо и отворено истакна дека тоа може да биде проблем со идните трансфери.
Ваквите зборови не му се допаднале на првиот човек на клубот, Жоан Лапорта кој поради тоа имал разговор со Рафиња пред натпреварот во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.
Лапорта и Рафиња воделе разговор подолг од една минута, а на моменти претседателот на клубот и го поткревал тонот.
Новинарите по тренингот го прашале Рафиња и дали Лапорта се налутил на него.
„Зошто? Не лажев за ништо“, одговорил Рафиња.
Charla de Laporta con Raphinha tras sus declaraciones en rueda de prensa: "Si yo estuviera en otro club y estuviera viviendo la situación de Pau y Dani, quizás pensaría si lo mejor sería estar aquí"
— MARCA (@marca) January 7, 2025
📲 @jdelriomuradas pic.twitter.com/btSXy9Thbj