Лани освоија трофеј, па го сменија тренерот – во 2026 немаат ниту една победа во Премиер лигата!

by riste
1 минути читање

Тотнем минува низ една од најголемите кризи во историјата, а тоа се должи пред се на лошото раководење на клубот.

Минатата сезона Тотнем го прекина долгиот пост без трофеј и конечно освои нешто и тоа Лига Европа. Но, изненадувачки му врачија отказ на Анже Постекоглу, човекот кој ги израдува.

Го назначија Томас Франк на кого не му одеше, а сега го заменија со Игор Тудор кој имаше лошо деби откако синоќа загуби со 1-4 од Арсенал.

Статистиката вели дека Тотнем последен пат во Премиер лигата победил на 28 декември минатата година.

Оттогаш во англиската лига одиграл девет натпревари и ниту еднаш не се израдувал на победа. Во овој момент се на 16. место на табелата со само четири бода повеќе од Вест Хем кој е на последната позиција која испаѓа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×