Лани играше во трета лига, сега е желба на Реал Мадрид и на прагот до мундијалот во Русија

by
1 минути читање

Пред 12 месеци, Алваро
Одризола настапуваше за резервниот тим на Реал Сосиедад во Секунда Б, третата
лига на Шпанија.

На стартот од
2017, проблемите со повредите кои ги имаше Реал Сосиедад придонесоа десниот бек
да биде промовиран во првиот тим.

Укажаната шанса
младиот Шпанец ја искористи на најдобар можен начин, и за кратко време се
промовираше како клаучен дел од стартните 11.

Одличните настапи
придонесоа тој сега да добие повик од „Црвената Фурија“, дебитираше вчера против
Албанија, и забележа асистенција во победата од 3-0

Алваро Одризола
сериозно се наметнува кај Лопетеги поради офанзивниот стил на игра, одлично
комбинираше со Давид Силва покрај десната аут линија, па иако има само еден настап зад свото име, тој е во комбинација за место
во тимот за мундијалот во Русија.

Десниот бек прикажува импресивни партии, па за неговите услугите сериозно загризува и Реал Мадрид.

Според АС, „Кралевите“ внимателно следат на настапите на 21 годишниот Алваро
Одризола и се подготвени да ја платат неговата откупна клаузула вредна 40
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани