Лампард знае само за победа против Хал, Челси се пласираше во 5. коло од ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Френк Лампард знае
само за победа против Хал, Англичанецот има славено против „тигрите“ како играч
на Челси, играч на Манчестер Сити, тренер на Дерби, a сега и како тренер на
Челси.

„Сините“ вечерва со 1-2 го совладаа Хал за пласман во 5. коло од ФА Купот. Миши Батшуаји рано
донесе водство од 0-1, неговиот удар закачи еден играч на домаќините и го измами
голманот. Томори во вториот дел ги реши сите дилеми и нафрлената топка на
Баркли ја смести во мрежата за 0-2.

Гросицки со голема доза на среќа намали
на 1-2 во 78. минута од слободен удар и ја направи завршницата возбудлива, но Хал немаше сили да
го изненади фаворитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×