Лампард стави крај на кариерата

by
1 минути читање

38 годишниот
фудбалер од средниот ред во ноември го напушти Њујорк Сити откако му истече
договорот со клубот од САД.

На негова адреса
пристигнале голем број на понуди, но тој решил дека е време да ги обеси
копачките на ѕид.

„По 21 извонредна
година, решив дека ова е прав момент да ставам крај на кариерата
– гласеше пораката постирана на
социјалните мрежи.

„Добив голем број
на возбудливи понуди од Англија и странство, но на 38 години чуствувам дека ова
е право време да го започнам следното поглавје во мојот живот
.

„Горд сум на
трофеите кои ги освоив, тоа што го носев дресот на Англија на повеќе од 100
натпревари и што постигнав преку 300 погодоци во кариерата
.

Легендата на
Челси во моментов работи на тренерските лиценци па за очекување е во иднина да
му се врати на фудбалот, слично како неговиот сонародник Стивен Џерард, кој
овој месец започна да работи како тренер во академијата на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани