Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард не крие дека Калум Хадсон-Одои треба да
има подобрување во својата игра доколку сака да се здобие со регуларно место во
тимот на „Сините“ од Лондон.
Хадсон-Одои
синоќа имаше настап во убедливата победа на Челси против Гримсби со 7-1 во Лига
купот, а 18 годишниот офанзивец го постигна последниот гол за победничкиот
табор, но Лампард предупредува на тоа дека младиот фудбалер не ги послушал
инструкциите кои ги добил, особено тоа важи за првото полувреме од таа
пресметка.
„Во поглед на
перформансите, не сум сигурен околу првото полувреме, јас мислев тој и Пулишиќ
да играат како крила, пораката беше да се сруши линијата и да се напаѓа од
страните, како и да се влегува во централниот дел од противничкиот простор, тоа
не се случи, таа порака не беше добро разбрана“ рече Лампард.
„Во второто
полувреме Хадсон-Одои се најде во подобри позиции, неговиот талент значи дека
тој треба да работи максимално за да поминува крај своите противници, за да се
најде во опасната зона, како и да работи вон допир со топката кога говориме
надвор од тој простор“ додаде Лампард.
„Тој треба да
учи, бидејќи доколку посакува да добие регуларно место во тимот, токму на тоа
треба да се насочи во подобрувањето на својата игра“ заклучи Лампард.
Во
осминафиналето Челси ќе ги одмери силите со Манчестер јунајтед, тоа е една од
двете дерби пресметки од таа рунда во Лига купот на Англија, втората е дуелот
помеѓу Ливерпул и Арсенал.