Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард не крие дека неговите избраници имаат
проблеми играјќи пред своја публика, а тоа сигурно го наведува да бара
дополнителни засилувања во јануарскиот преоден рок.
Челси потфрли во
дуелот со Саутемптон денеска во рамките на 19. коло од Премиерлигата, а „Сините“ од Лондон во
едно бледо издание загубија со 0-2, тоа за нив беше првиот пораз на домашен
терен за Боксинг деј.
„Добро ги
запознав фудбалерите, особено во едни вакви натпревари“ рече Лампард на
пресконференцијата по мечот со Саутемптон.
„Натпревари кои
стануваат комплицирани и тешки се тест на карактерот, онолку колку што се и
тест за квалитетот, тоа е обостран тест“ додаде тој.
„Кога речиси се’
е на наша страна, а воедно и лесно
по победата кај Тотнем со 0-2, ние бевме најдоброто нешто во светот на фудбалот
во тие моменти, тие најдобрите фудбалери, а јас најдобриот тренер, а денеска
сето тоа се поставува како прашање“ вели Лампард.
„Сево ова е иста
приказна како поразот од Борнмут, односно истата приказна како и на претходните
натпревари на домашен терен, противниците не почитуваат како Челси, но, ние не
играме како Челси, противниците не се глупави, мораме да ги пробиваме нивните
одбрани, имаме околу 70% посед на топката, некогаш и повеќе од тоа, а тешко ни
оди во креирањето вистински шанси, финалните додавања и повеќето удари кон
голот на противникот“ заврши тренерот на Челси видно разочаран од изданието на
своите избраници кое беше очајно денеска.
Челси во моментов
има 32 бода, а со тоа се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиерлигата,
по него следи Тотнем на петтото место со три бода помалку.