Лампард по најголемата победа како тренер: Уште сум во шок, чувството е неверојатно!

by
1 минути читање

Дерби направи вистинска сензација откако го исфрли Манчестер јунајтед од лига купот. Тимот кој настапува во Чемпионшип одигра 2-2 на Олд Трафорд, а потоа по подоброто изведување на пенали славеше огромна победа.

Ова е деби сезона на Френк Лампард како тренер, а синоќешниот триумф е најголем за него досега. Да се победи неговиот учител Мурињо, на Олд Трафорд и тоа со тим од втората лига, е голема работа.

„Во шок сум, во позитивен шок“, изјави Лампард по мечот.

„Какви перформанси на тимот. Горд сум на фудбалерите. Да губите уште од почетокот со 1-0 на Олд Трафорд и да одиграте на тој начин контролирајќи значајни елементи на натпреварот“.

„Сакав да бидеме конкурентни тука, знаев дека имам фудбалери и на клупата кои можат да влезат и да направат разлика, едноставно горд сум. Чувството кое го имам е неверојатно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×