Лампард ќе прави чистка по срамот против Баерн, на продажба оди Кепa и уште седум други играчи

by
1 минути читање

„Сините“ минатото лето не можеа да донесат засилувања поради казната од УЕФА, иако забраната за трансфери беше тргната во јануари, ниту едно ново име не пристигна на Стемфорд Бриџ во зимскиот преоден рок.

Но затоа голема реконструкција ќе има по крајот на сезоната. Срамниот пораз од 0-3 против Баерн Минхен ја прелил чашата, па Френк Лампард ќе прави чистка. На продажба ќе бидат ставени осум играчи, помеѓу кои и најскапиот голман во историјата, Кепа.

Шпанецот во вторникот одново ја грееше клубата, Френк Лампард повеќе нема доверба во него и Кепа летоска ќе биде понуден на Атлетико Мадрид како дел од трансферот на Јан Облак.

Ќе има реконструкција и на задната линија, ќе се бара купец за Маркос Алонсо и Емерсон а Бен Чилвел ќе биде главна цел за левата бековска позиција. Курт Зума исто така ќе добие одврзани раце да си пронајде нов клуб.

Рос Баркли не ги исполнува очекувањата па и тој ќе добие шут карта, исто како и Жоржињо, кој беше миленик на претходниот тренер Маурицио Сари. 

На отстрел кај тренерот се и Педро и Вилијан, Челси веќе договори засилување за офанзивата, пристигнува Хаким Зијеш од Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×