109
Дерби синоќа го ослободи Лампард од обврските кон Дерби со првиот тим кој ги почна подготовките за новата сезона. Му даде време на Френк да преговара со Челси.
Разговорите меѓу двете страни завршиле успешно и наскоро тој ќе биде промовиран во нов тренер на Челси.
Според информациите на „Дејли Мејл“, Лампард ќе потпише тригодишен договор со плата од 4 милиони фунти по сезона.
Во договорот има и бонус ставка, ако го пласира Челси во Лигата на шампионите ќе добие плус 1 милиони фунти.
Официјалната објава од Челси се очекува да се случи утре (среда).