Френк Лампард е
пред враќање на Стемфорд Бриџ откако Дерби вчера соопшти дека Челси добил
дозвола да преговара со Англичанецот. Сега „сините“ ги
пеглаат деталите со својата легенда и се очекува Френк Лапард следната недела
да ја започне авантурата на тренерското столче на Челси.
Според пишувањата
на Сан, стратегот ќе добие иста плата како Маурицио Сари и тригодишен договор
вреден 16,5 милиони фунти, односно 5,5 милиони фунти по сезона.
Телеграф додава
дека тој добил и ветување од Роман Абрамович дека ќе биде на кормилото барем
една цела сезона. Со оглед на тоа дека Челси е под забрана за трансфери а остана и без својот најдобар играч Еден Азар, Френк
Лампард ќе добие време да докаже дека е кадарен да води клуб од највисоко
ниво и да атакува на титулите во Англија и Лигата на шампионите.
Телеграф исто
така пишува дека основната плата на Френк Лампард ќе биде 4 милиони фунти
годишно, со можност таа да биде покачена доколку првата сезона биде успешна.