Ламин Јамал на вчерашниот натпревар против Мајорка изведе нова магична тривела асистенција, па по крајот на натпреварот беше запрашан како овој потег може да се изведе на популарните видео игри.
Ламин Јамал е вонсериски талент, со 17 години прикажува врвни перформанси во Ла Лига, Лигата на шампиони и дресот на Шпанија.
Неговите додавања со надворешно ефе полека прераснува во специјалитет, синоќа против Мајорка, младото момче забележа нова магична „тривела“ асистенција, негова трета оваа сезона.
По крајот на натпреварот, новинарот на „Еспорт3“ му посочи дека неговите додавања изгледаат лесно како тоа да го прави на видео игра, а Ламин Јамал со насмевка ни лицето му рече: „Мислам дека Л2 е копчето на ФИФА“.
Lamine Yamal com uma assistência soberba de trivela 😮💨pic.twitter.com/b10ktDWUoP
— B24 (@B24PT) December 3, 2024
За својата мајсторија, тој додава: „Добри ми лежи оваа техника, сакам да ја применувам и ќе продолжам да ја применувам. Среќен сум за Рафиња, одлично се разбираме на теренот и тој знае дека секогаш кога имам прилика ќе му испратам вакво додавање“.