Ламин Јамал со арогантна изјава по „војната“ со навивачите на Клуб Бриж

by bojan
1 минути читање

Ламин Јамал вели дека е голем играч па затоа е на мета на противничките навивачи, напаѓачот на Барселона исто така додава дека многу лаги биле кажани за него изминатиов период.

„Каталонците“ со помош на ВАР се спасија од пораз на гостувањето кај Клуб Бриж, домаќините погодија за 4-3 во 91. минута, но голот беше поништен поради прекршок.

Овој момент донесе и дополнителна тензија на трибините откако Ламин Јамал почна да провоцира.

Младата ѕвезда на Барселона цел натпревар беше на мета на навивачите и добиваше свирежи.

„Чим противничките навивачи ме свират, тоа значи дека сум голем играч, знаат дека сум важен на теренот. Доколку бев обичен фудбалер, нема да се замараат со мене“ – изјави 18 годишниот напаѓач по крајот на натпреварот.

Тој потоа додаде: „Многу работи беа кажани за повредата на препоните, за тоа дека сум бил тажен… но нема вистина во ова. Како и секогаш, јас бев среќен, фокусиран на мојата игра, да се обидам да се вратам во врвна форма и да уживам на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×