Ламин Јамал се подготвуваше за голема забава во Париз, а на крајот честел бургери

by bojan
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал пристигна во Париз со придружба од 20 луѓе, очигледно се подготвуваше за освојување на „Златната топка“ и голема забава, но на крајот мораше да се задоволи со утешната награда „Копа Трофеј“.

Вчера во Париз се избираа најдобрите во изминатите 12 месеци, Ламин Јамал беше еден од фаворитите за главната награда „Златна топка“, па младата ѕвезда на Барселона се подготвуваше за славје и голема забава, неговата придружба броеше повеќе од 20 луѓе.

Сепак, престижната индивидуална награда заврши во рацете на Осман Дембеле од ПСЖ, а Ламин Јамал мораше да се задоволи со утешното признание за најдобар млад фудбалер и „Копа Трофеј“.

Па наместо голема забава, Ламин Јамал почестил бургери.

„Ламин беше среќен, се шегуваше со сите по крајот на церемонијата. На сите ни купи бургери, немавме јадено цел ден и бевме многу гладни“ – открива првиот човек на Барса, Жоан Лапорта.

„Морам да признам, бургерите беа навистина добри“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×