Ламин Јамал има вирус и не тренираше пред Суперкупот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Негативно изненадување доаѓа од последниот тренинг на Барселона пред полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Ламин Јамал не се појави на тренингот и ги загрижи навивачите. Од клубот брзо реагираа и порачаа дека нема простор за паника. Јамал се наоѓал во спортскиот комплекс каде што престојува екипата на Ханси Флик и работел по посебна, индивидуално прилагодена физичка програма.

Во Барселона потенцираа дека не станува збор за ништо сериозно и дека фудбалерот ќе биде подготвен и на располагање за дуелот против Атлетик.

Сепак, според информациите на „Мундо Депортиво“, вистинската причина за неговото отсуство е стомачен вирус кој го мачи веќе неколку дена и значително го ослабнал. Токму поради тоа, стручниот штаб одлучил денеска да го поштеди од напорниот тренинг, со цел целосно да биде подготвен за полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×