Ламин Јамал го шие Лео Меси

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека дресовите на Ламин Јамал се продаваат како алва, тинејџерот продава дури три пати повеќе од Лео Меси во најдобрите денови.

Ламин Јамал е новата ѕвезда на Барселона, офанзивниот фудбалер собори еден куп рекорди на теренот, а прилично добро му оди и надвор од него.

Како што пренесува Кадена СЕР, дресовите на Ламин Јамал се продаваат како алва, тинејџерот продава дури три пати повеќе од Лео Меси во најдобрите денови.

Дресот со број 10, кој во моментов му припаѓа на Ламин Јамал, преставува 80% од вкупната продажба на дресови на Барселона.

И не само тоа, поради Ламин Јамал, расте популарноста на Барселона на социјалните мрежи, за 176% се зголемени прегледите на Икс (Твитер), за 146% се зголемени прегледите на Фејсбук, и за 87% се зголемени прегледите на Инстаграм.

На дури девет од 20-те најгледани видеа на Барселона минатата сезона се појавува шпанскиот бисер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×