Ламин Јамал доби уникатен совет: Ако на одмор одиш со постара жена, гледај тоа да биде мајка ти!

by bojan
2 минути читање

Поранешниот „вундеркинд“, Фреди Аду го советува Ламин Јамал да остане фокусиран, да се посвети на тренинг и својата игра бидејќи славата ќе му донесе многу искушенија.

Ламин Јамал се промовираше во новата фудбалска ѕвезда откако стана шампион на Европа со репрезентацијата на Шпанија, и шампион на Шпанија со Барселона пред да наполни 18 години.

Но младото момче изминативе месеци беше во фокусот на јавноста поради погрешни причини, најпрво беше забележан на одмор со Онли Фанс моделот Фати Вазкез, која е скоро двојно постара од него, а потоа и со начинот на кој го прослави 18-тиот роденден.

Напаѓачот на Барселона сега доби совет од Фреди Аду, поранешниот „вундеркинд“ кој се најавуваше како новиот Пеле.

„Очигледно сите очи се вперени во него, и тоа е многу тешко. Јас лично, не можев да бидам обично дете, и ова доаѓа од некој што живее во САД, каде фудбалот не е толку голем спорт!“ – вели Фреди Аду.

„Не можам да замислам што му се случува во Шпанија, веројатно е 1000 пати поголемо вниманието, бидејќи фудбалот таму е спорт број 1. Плус игра за најголемиот тим, игра и за националниот тим, па каде и да оди привлекува внимание, сите очи се вперени во него“.

„Мојот совет е да биде со наведната глава, да остане фокусиран, посветен на тренинг и неговата игра. Славата ќе му донесе многу искушенија“.

„Како таа ситуацијата кога беше на одмор со постара жена, и сите зборуваа за тоа. Под лупа ќе биде ставен секој најмал детаљ“.

„Па би му препорачал ако оди на одмор со постара жена, да гледа тоа да биде неговата мајка! Бидејќи и ништо да не се случи, сите ќе зборуваат за тоа, и ќе зборуваат многу“.

Фреди Аду дебитираше во МЛС со 14 години, а стана репрезентативец на САД со 16 години.

Во тоа време беше најплатен фудбалер во САД, а потпиша и мултимилионски договор со Најк.

Но никогаш не ги исполни предвидувањата, по преселбата во Европа неговата кариера почна да оди во надолна линија па играше и во клубови од нашето соседство како Грција, Србија и Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×