Има една доста
интересна изјава од страна на Герт Крукс, дадена во август 2013. година по
продажбата на Герет Бејл во Реал Мадрид, во која поранешниот напаѓач на Тотнем,
накратко го опиша заминувањето на Велшанецот, но и „новајлиите“ во тимот потоа.
„Спарси го
продадоа Елвис, а ги доведоа Битлси“ рече тогаш легендарниот Крукс, а Тотнем беше доста
активен на трансфер пазарот летото 2013. година откако доби 85 милиони фунти
обештетување за Велшанецот.
Првиот човек на тимот од Лондон, Даниел Леви и
техничкиот директор на клубот, Франко Балдини тогаш доведоа дури седум
засилувања за „Спарси“ во период кога тренер на екипата беше Андре Вилаш-Боаш.
Станува збор за
Паулињо, Кристиан Ериксен, Роберто Солдадо, Насер Чадли, Етјен Капуе, Влад
Кирикеш и Ерик Ламела.
Веста конкретно е
за последниот, Ламела, „последниот мохиканец“ што би се рекло, а „Дејли Мејл“
објави конкретно за Аргентинецот наведувајќи дека е последниот што остана од
претходно наведените фудбалери кои тогаш беа ангажирани од Тотнем,
претпоследниот, Ериксен, веќе го комплетираше трансферот во Интер месецов.

Ќе завршиме со
тоа дека одредени медиуми веќе известија дека Тотнем го нуди токму Ерик Ламела
во преговорите со Милан за ангажман на напаѓачот Криштоф Пјонтек, кој е една од
опциите за „Спарси“ за замена на повредениот Хари Кејн.