Лакроа трагичар, Арсенал преку пенали до полуфинале во Лига Купот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Францускиот дефанзивец на Кристал Палас е трагичарот на Кристал палас кој му овозможи на Арсенал да се пласира во полуфиналето од Лига Купот.

Арсенал обезбеди место во полуфиналето откако славеше против Кристал палас со 8-7 по изведување пенали. Регуларниот дел заврши 1-1, при што Французинот во 80. минута несреќно ја затресе сопствената мрежа и им донесе водство на „топчиите“.

Кога се чинеше дека Арсенал ќе стигне до победата, Марк Гуехи во петтата минута од судиското продолжение најдобро се снајде по една мешаница и го израмни резултатот, носејќи го мечот во пенал-рулет.

Таму Арсенал беше подобар, а одново во центарот на вниманието се најде Лакроа кој не го реализираше својот удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×