Манчестер Јунајтед продолжува со резултатската серија во Премиер лига, откако на „Олд Трафорд“ го совлада Кристал Палас со 2-1 во 28. коло.
Гостите поведоа рано преку Максенс Лакроа и ја задржаа предноста до 57. минута. Тогаш дефанзивецот направи прекршок како последен играч во одбраната, заработи црвен картон, а судијата покажа на белата точка. Бруно Фернандеш сигурно реализираше за 1-1. Пресвртот го комплетира Бенјамин Шешко во 65. минута по одличната асистенција на Фернандеш, носејќи му три бода на домашниот тим кој останува во трка за местата што водат во Лигата на шампионите.
Со ист резултат 2-1 победи и Фулам против Тотнем. Хари Вилсон и Алекс Ивоби донесоа предност, Ришарлисон намали, но „спарси“ го запишаа четвртиот пораз по ред и се доближија до опасната зона.
И Брајтон славеше со 2-1 против Нотингем Форест. Диего Гомес и Дани Велбек беа стрелци за домаќините, додека за гостите погоди Морган Гибс Вајт.