Лакрдија во Бугарија: Минута молк за жив поранешен фудбалер! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Голема лакрдија се случи во Бугарија пред натпреварот меѓу Арда и Левски во Првата лига.

Имено, домашниот тим сакаше да оддаде почит на Петко Ганчев, свој поранешен фудбалер за кој имаше информации дека починал. Поради тоа беше организирана минута молк и така стартува средбата.

Сепак, потоа од клубот добиле демант и информациите дека Ганчев починал биле лажни. Следеше јавно извинување на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани