Лаказет: Постои голема разлика помеѓу Венгер и Емери

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Арсенал, Александре Лаказет вели дека постои
голема разлика помеѓу методите кои ги користат во своето
менаџирање на тимот, Унаи Емери и Арсен Венгер, односно, сегашниот и
претходниот тренер на Топчиите.

Лаказет се
приклучи на Арсенал во летото 2017. година, во последната сезона на Венгер на
клупата на Топчиите, Емери беше неговиот наследник, а францускиот напаѓач има
добра сезона во првата сезона на Емери во Лондон.

Постои голема
разлика, ние сега работиме повеќе на тактиката, прегледуваме повеќе пати снимки
од натпреварите, говорот на Емери е сосема поинаков во однос на тој на Венгер.
Различно е, секогаш е тешко да се направи споредба помеѓу тренерите бидејќи тие
имаат сопствена техника за тоа како да го менаџираат тимот
“ посочи францускиот
напаѓач.

Арсенал сезонава
се бори на два фронта, во Премиерлигата е на посакуваната четврта позиција на
табелата, но, на делба со идентичен број бодови со Челси (66), Манчестер јунајтед
заостанува со два бода. Освен тоа, Топчиите сигурно ќе атакуваат и на финале во
Лига Европа, но, најнапред ќе треба да ја минат Валенсија во полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×