26 годишниот напаѓач на англискиот премиерлигаш Арсенал,
Александре Лаказет откри како стигнал до одлуката да биде напаѓач во своите
фудбалски почетоци од мали нозе, наместо да биде голман, што било неговата
првична желба.
„Сакав да играм на голманската позиција кога бев мал, но
мојата мајка не беше толку среќна со тоа, таа сметаше дека да се биде голман е
многу опасно. Таа ми велеше да бидам во нападот, или тоа, или ништо…“ открива
напаѓачот кој летово за сума од 52 милиони фунти премина во Арсенал откако си
замина од Лион.
Лаказет дојде во Лондон со фантастични изданија зад себе
во тимот на францускиот прволигаш, ланската сезона постигна 37 погодоци, а тоа
дополнително ги активираше повеќето заинтересирани клубови од Европа за
неговиот потпис, за кој на крајот сепак се избори Арсенал.