Aрсенал без многу проблеми стигна до нови три бода а Емирати полека добива нов миленик.
Александре Лаказет со два гола донесе победа од 2-0 над ВБА.
Најскапото засилување во историјата на „Топчиите“ покажа одлично чувство за гол во 20. минута и се најде на право место во право време да ја затресе мрежата на гостите откако слободниот удар на Алексис Санчез заврши во пречката.
Французинот потоа во 65. минута прецизно биеше од белата точка за да ги реши дилемите околу победникот.
Но тој немаше многу време за радост по крајот на натпреварот откако го викнаа на допинг контрола. Александре Лаказет веднаш се пожали за ова на социјалните мрежи.
2 goals so.. doping control ?? well done guys #AFCWBA #Coyg #Arsenal pic.twitter.com/kO5dtHfyRX
— Alexandre Lacazette (@LacazetteAlex) September 25, 2017