Лајпциг го купува Чави Симонс од ПСЖ за рекордна сума!

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот тим РБ Лајпциг испрати понуда до ПСЖ и ќе го откупи договорот на Чави Симонс.

Младата холандска ѕвезда блеска играјќи за „биковите“, а парижани чиј фудбалер е досега не најдоа место за него во првиот тим. Иако досега беа заинтересирани само за позајмици, сега добија понуда која не се одбива.

Лајпциг понуди 75 милиони евра за услугите на Симонс, додека ПСЖ бара барем 80. Договорот е доста близу и се очекува сумата да биде достигната со одредени бонуси.

Сега Симонс биде отповикан од позајмица, па ќе биде продаден назад во Лајпциг за сума која ќе претставува клупски рекорд. Досега германскиот клуб најмногу плати за Лоис Опенда (40 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани