Лага е тоа дека УЕФА советува лидерите во шампионатите да бидат прогласени за шампиони, тврди Чеферин

by
1 минути читање

Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин се одзва на „фејк вестите“, како што и самиот тој
вели, со кои се наведуваше дека лидерите во шампионатите би можеле да бидат
крунисани за шампиони актуелната сезона, откако во поголемиот дел од
првенствата, истите се суспендирани поради состојбата со коронавирусот.

Од УЕФА јасно
сугерираат на тоа дека првенствата треба докрај да се одиграат, а посочија дека
актуелната сезона посакуваат да биде завршена до 30 јуни.

Говорејќи на
денешниот самит на УЕФА за кризата со коронавирусот, Чеферин тврди дека од
куќата на фудбалот во Европа немале никаква препорака до никого за тоа дека шампионската
титула во првенствата треба да им се додели на моменталните лидери, тој стои на
ставот дека првенствата треба докрај да се завршат со сите редовни кола на
програмата.

Јас видов, а
воедно и слушнав некои лажни вести дека УЕФА ќе ги советува лигите да ги
завршат шампионатите, а воедно да донесат одлука дека шампиони се оние кои во
моментов се први на табелата
“ вели Словенецот.

Можам да кажам
дека тоа не е точно, нашата цел е да се завршат првенствата и не сме
препорачале ништо такво до ниту една фудбалска асоцијација или лига
“ додава
тој.

Во големата
петорка од фудбалска Европа, лидери во моментов се Ливерпул, Барселона,
Јувентус, Баерн Минхен и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×