Челси со 3-0 води против ПСЖ по првото полувреме во финалето на Светското клупско првенство кое се игра во Њујорк, а во центарот на вниманието е Кол Палмер.
Челси го надигра ПСЖ во првото полувреме од Светското клупско првенство, а Кол Палмер е херојот на мечот досега.
Со негов гол во 22. минута Челси поведе со 1-0, а осум минути подоцна Палмер даде уште еден погодок за предност од 2-0.
Во 43. минута Палмер асистираше до Жоао Педро кој убаво погоди за голема предност на Челси од 3-0.