Специјалистот за
фудбалски трансфери, Џанлука Ди Марцио известува дека Лацио начелно го
договорил трансферот на Оливие Жиру од Челси, меѓутоа, сега можната реализација
на истиот зависи од Дрис Мертенс, во зависност од тоа дали Белгиецот од
составот на Наполи ќе го облече дресот на Челси.
32 годишниот Мертенс
се наведува како решение за Френк Лампард во нападот на составот на Челси,
односно големо засилување во финалната битка за место во топ четирите екипи од Премиерлигата
сезонава.
Ди Марцио додава
дека потенцијалното зелено светло од Наполи сега зависи од првиот човек на тој
клуб, Аурелио Де Лаурентис, доколку го стори тоа, Ди Марцио тврди дека таквото
сценарио ширум би ја отворила портата од Лацио за Жиру, кој инаку претходно се
поврзуваше и со Тотнем.
Вториот најдобар стрелец во историјата на италијанскиот вицепрвак, Мертенс, чиј
договор со Наполи истекува на лето, а нема никакви дилеми во тоа дека нема да
потпише нов договор, би го чинел Челси околу 5 милиони фунти.
Жиру од поодамна
не е во плановите на Френк Лампард во Челси, па тој во постојаните преговори со
Челси, наводно постојано посочувал дека би си заминал за да има прилика да биде
дел од составот на Франција на претстојното Европско првенство годинава.
Некои шпекулации низ медиумите велат дека Наполи го одбил интересот на Челси за Мертенс, па останува дилемата колку трансферот на Жиру во Лацио би можел да се реализира, со оглед на големото влијание од Наполи во целата ситуација.